Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија испраќа амбасадор во Скопје од историската комисија

Бугарија испраќа амбасадор во Скопје од историската комисија

Бугарија го предложи Желјазко Радуков за амбасадор во Скопје од позиција на организациски секретар на мешовитата комисија за историски и образовни прашања, објавија бугарските медиуми.

Тој е познат дека активно работи на „заштита на правата и културно-историското наследство на бугарската заедница во С Македонија“.  На актуелниот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, мандатот му завршува во јуни 2024 година. 

Дипломатот од кариера е предлог на бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел.

Радуков, освен што е дипломат, ја извршува и функцијата организациски секретар на бугарскиот дел од заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.

Од 2021 година Жељаско Радуков е одговорен за Министерството за надворешни работи за Република Македонија во билатерален и во европски контекст, односно бил директно инволвиран во „Францускиот предлог“.

Во образложението на предлогот пишува дека тој ја имал клучната улога во „креирањето и спроведувањето на Европскиот компромис од 2022 година, како и во билатералните преговори за Протоколот од Вториот состанок на меѓувладината комисија според член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со С Македонија, потпишан во јуни 2022 година“.


Слично

Поврзани вести