Бугарија и Македонија ќе решат чиј е цар Самоил
Бугарските медиуми веќе пренесуваат дека тамошните академици јавно порачуваат дека заедничката историја ќе била светла, бидејќи не поврзува според нив братска љубов.
Научници од Бугарија и Македонија до крајот на ноември треба да одлучат чиј национален херој е кралот Самоил, пишува бугарскиот портал „Днес“.
Средновековниот владетел е една од историските фигури за чија националност расправаат двете земји.
Тие треба да направат целосен преглед на учебниците по историја во Бугарија и во Македонија. За крајот на ноември е закажана третата средба меѓу научниците од двете земји.
Експертите во оваа фаза од разговорите се обидуваат да ги идентификуваат настаните и личностите кои се дел од заедничката историја на двете земји и кои ќе можат заедно да се чествуваат.
Премиерот Зоран Заев изјавил дека тоа е наша европска историја.
Бугарскиот академик Антон Дончев вели дека двата народи не само што се братски,туку се како браќа близнаци.
Во август премиерот Зоран Заев рече дека Илинденското било македонско востание, на што официјална Софија побара извинување. Бугарските власти и историчари по ова бурно реагираа.
фото Днес
