Бугарија: Граничниот премин „Деве Баир“ и натаму без струја
Продолжува прекинот на струја на македонскиот граничен премин „Деве Баир“ на македонско-бугарската граница, тврдат бугарски медиуми, и се создаваат долги колони на возила.
Струјата на македонскиот граничен контролен пункт „Деве Баир“ често е во прекин и создава проблеми за опслужување на патниците, соопштија утрово претставници на бугарскиот пункт „Гуешево“, пренесува БНР.
Во саботата „Деве Баир“ 4 часа беше без струја, десетици Бугари не можеа да влезат во Македонија и да заминат во Скопје на гробот на Гоце Делчев.
Агрегатот што го вети вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев, за станицата „Деве Баир“ се уште не е испорачан, иако тој изјави дека ќе биде таму во понеделник.
И таа ноќ на пунктот „Деве Баир“, од другата страна на границата, имаше прекини на струја, велат вработени од ноќната смена на пунктот „Гешево“.
„Нешто им прави проблеми, имаат проблеми. Околу 11 часот... работат околу половина час, потоа не работат 30-40 минути. Рекоа дека имале проблеми со доводот на струја“.
Од друга страна, на самиот граничен премин Гуешево има не еден, туку два генератори.
„Со напојувањето направивме втора резервна линија, ако на едниот му се случи нешто директно да го вклучат вториот, инаку единицата е 110 киловати, пред 2-3 години компјутерите на полицајците ги приклучија на вториот", рекле граничарите.
