Бугарија евакуира и македонски државјани од Одеса
Бугарија евакуира 200 луѓе од украинскиот град Одеса меѓу кои и македонски и американски државјани.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, во моментов Украина ја напуштаат четири автобуси и сите автомобили на бугарскиот конзулат во Одеса и амбасадата во Киев.
– Министерката Генчовска и македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи се во постојана комуникација за извлекувањето на македонските државјани, изјави за МИА портпаролот на бугарското МНР, Митко Димитров.
Бугарски дипломати вчера помогнале на 22 македонски државјани на украинско-молдавската и романската граница, а двајца Македонци ја напуштиле Одеса со автобус.
foto Wikipedia
Слично
