Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија е отворена за прагматичен дијалог со Македонија

Бугарија е отворена за прагматичен дијалог со Македонија

Бугарија останува отворена за прагматичен дијалог со Македонија, кој треба да ја врати довербата меѓу двете земји. 

Шефот на дипломатијата,  Бујар Османи денеска се сретна со бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов. 

Бугарското Министерство за надворешни работи, на својата интернет страница соопшти дека во разговорот се потврдени бугарските национални позиции дека одржувањето на добрососедските односи и гаранции за спроведување на Договорот за добрососедство, се врвни приоритети на Бугарија. Османи очекува скора средба со неговиот бугарски колега.  Од македонското МНР велат дека дијалогот треба да продолжи и со техничката влада. Тие се надеваат дека ќе бидат тргнат пречките за почеток на преговори. Двете земји очекуваат подобрување на билатералната соработка.

Слично

Поврзани вести