Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија донира 150.000 евра за поплавените во скопско

Бугарија донира 150.000 евра за поплавените во скопско

Соседна Бугарија донира 150.000 евра за поплавените семејства во скопско.

Овие средства се донираат со цел санирање на последиците и штетите од невремето. 

Ова е дополнување на техничката и хуманитарната помош, која Софија ја донира  за справување со последиците од поплавите од 6 август во скопскиот и тетовскиот регион, пренесе бугарската национална новинска агенција БТА.

Парите ќе бидат уплатени во два еднакви износи на сметката на Црвениот крст на Македонија за надминување на последиците од поплавата и на сметката на Министерството за финансии за справување со материјалните штети.

За Македонија донираа Србија, Хрватска, Турција, Косово, Албанија, БИХ, Словачка и други земји. 

Во поплавите на 6 август се удавија над 20 луѓе, а има и големи материјални штети. 



Слично

Поврзани вести