Бугарија доби критики дека ги дискриминира Македонците
Стејт департментот со критики за Бугарија за дискриминација на етничките Македонци.
Американскиот Стејт Департмент во годишниот извештај за состојбата со човековите права во Бугарија, ги критикува властите за ускратувањето на човековите права на етничките Македонци. Се посочуваат 14-те пресуди на Европскиот суд за човекови права, за кои се вели дека властите во Софија ги игнорираат.
„Властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединетата македонска организација ‘Илинден’, Друштвото на угнетените Македонци-жртви на комунистичкиот терор, Здружението за одбрана на индивидуалните граѓански права и Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија, и покрај 14 претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањето ја нарушува слободата на здружување на групите“, се вели во дел од Извештајот посветен на слободата на здружување.
OMO Илиден Пирин со години говори за оваа проблематика.