Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугари поставиле спомен плоча на Делчев во Баница без дозвола од грчките власти

Бугари поставиле спомен плоча на Делчев во Баница без дозвола од грчките власти

Тензија има во Грција околу спомен-плочата на херојот Гоце Делчев. Плочата која е поставена на полу распадната камбанарија на старата црква во селото каде што Гоце Делчев загинал во битка на 4 мај 1903 година е без дозола од локалните грчки власти, објави весникот „24 часа“.

Според грчките медиуми, таа била поставена без официјална дозвола од локалните власти, а фотографиите објавени покажуваат двајца мажи како ја поставуваат.

Спомен-плочата го опишува Гоце Делчев како „бугарски револуционер и војвода“, кој се борел за слободата на Бугарите во Македонија и Одринско. 

Во 2022 година, тогашниот претседател на Бугарија, а сега премиер, Румен Радев јавно изрази поддршка на иницијативата за поставување спомен-обележје во Баница. Тогаш грчката страна посочи дека евентуалното барање ќе биде разгледано во редовна институционална процедура.

Слично

Поврзани вести