Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугари паднаа во раце на полицијата: Не им успеа да прокриумчарат мигранти во бункер направен во мини бус

Бугари паднаа во раце на полицијата: Не им успеа да прокриумчарат мигранти во бункер направен во мини бус

Кривична пријава против Љ.Б.(63), П.Х.(59), И.Р.(53) и Т.Т.(24), сите од Република Бугарија, поднесе Регионалниот центар за гранични работи- Југ до Основното јавно обинителство, поради основано сомнение дека лицата сториле кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418-б став 2 од КЗ.

Според информациите од МВР,  пријавените на 9 март во 10,30 часот влегле во Македонија на граничниот премин „Богородица“ со мини бус „Ивеко“ со бугарски национални ознаки, управуван од првопријавениот, додека другите три пријавени лица биле негови сопатници. Откако биле извршени дополнителни проверки на возилото, во посебно направен бункер во горниот дел на мини-бусот биле пронајдени осум илегални мигранти, сите мажи, на возраст од 18 до 41 година. Петмина од нив се од Шри Ланка, а тројца од Авганистан.

Мигрантите  во разговор со  полицајците кажале дека пријавени Бугари и едно непознато лице од Атина им ветиле дека за одреден надомест ќе ги префрлат до Италија.

На пријавените лица им е одредена мерка притвор во времетраење од осум дена. Дел од мигрантите се сместени во прифатниот центар, додека останатите се предадени на грчките погранични служби.


Слично

Поврзани вести