Економија, финансии, бизнис

Контакт

Буџетска расправа без опозицијата во Собранието

Буџетска расправа без опозицијата во Собранието
Пред матичната Комисија за финансирање и буџет во Собранието започна расправата за предлог-буџетот за претстојната 2015 година. Во отсуство на опозицијата, во Собранието нема жестока расправа за државната каса за догодина. Пратениците од владејачкото мнозинство го поддржуваат предлогот за распоредување на буџетските средства и ја пофалија Владата за успешно водење на економијата. „Србија, Хрватска и во Словенија се соочуваат со огромен јавен долг и намалуваат плати, пензии, отпушаат вработени и зголемуваат даноци. За разлика од овие неколку земји коишто се во нашето соседство и некогаш живеевме заедно, во Република Македонија имаме сосема спротивни показатели“, вели Крсте Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката Владанка Авировиќ од Социјалистичка партија потенцираше дека државниот долг од околу 40 отсто од БДП-то е низок и додаде дека речиси сите земји во Европа имаат четири до пет пати поголем долг од Македонија. Буџетот го поддржува и ДУИ, според која во државната каса за 2015 година има правична распределеност на расходите за населените места каде што живеат Албанци, односно во општините раководени од Албанци. Предлог-буџетот за следната година го образложи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, според кого овој буџет ќе овозможи капитални инвестиции и зголемување на платите и пензиите.
Слично

Поврзани вести