Економија, финансии, бизнис

Контакт

Буџетот и одговорноста на обвинителите им ги зближија ставовите на власта и опозицијата

Буџетот и одговорноста на обвинителите им ги зближија ставовите на власта и опозицијата

Ќе успеат ли наскоро власта и опозицијата да најдат заеднички јазик за Законот за Јавно обвинителство, кој меѓудругото ќе ја реши судбината и на СЈО?

На ова прашање се надѕира позитивен одговор откако власта и опозицијата успеале да ги приближат ставовите.

По вчерашниот состанок станува јасно дека дошло до приближување на ставовите околу буџетот и наоѓање модуси за одговорност на вработените и обвинителите.

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски вели дека се разговарало за зголемување на Буџетот на ЈО како и за изнаоѓање на начини со кои ќе имаат поголема одговорност и вработените во обвинителството но и самите обвинители.

-Во овој момент имаме приближување на ставовите, мислам дека тука можеме да изнајдеме заедничко решение во законот, вели Ристовски.

Задоволен од средбата е и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.Тој средбата ја оценил како конструктивна бидејќи е договорено финансирање и одговорноста за обвинителите.

-Имаме слични концепти и приближување на ставовите за двете прашања кои ги отворивме, а тоа е финансирањето и одговорноста на обвинителите како поединци-рече Милошоски.

Слично

Поврзани вести