Буџет 2013 : Подлабок дефицит– послаби капитални инвестиции !
Помалку даночни приходи, подлабок дефицит во буџетската каса. Првичните, прелиминарни податоци за реализацијата на Буџетот за 2013 та година покажуваат дека лани, и покрај ребалансираниот буџет, годината заврши со неоствариени проекции. На страната на вкупните приходи има потфрлување од 145 милини евра, додека на расходната страна се реализирани 147 милиони евра помалку. Не се остварија ниту вкупните капиталните инвестиции. Дупката во буџетската каса е зголемена за речиси 5 милиони евра во однос на она што беше планирано за 2013 та година.
Помалку пари од ДДВ, повеќе од акциза и увозни давачки!
Во 2013 та година Владата во државната каса по основ на вкупни буџетски приходи, собра 2 милијарди и 277 милиони евра. Оваа сума е за 145 милиони евра помалку од планираните 2,4 милијарди евра, проектирани со ребалансираниот буџет. Потфрлување има и на страната на расходите, наместо 2,7 милијарди евра, државата потрошила скоро 2,5 милијарди евра. Декемвриските податоци за реализација на Буџетот упатуваат на потфрлувања и на расходната и на приходната страна. Еве што планираше, а што реализираше Владата лани:
- План Остварување
- Вкупни приходи 2,4 милијарди евра 2,2 милијарди евра
- Вкупни расходи 2,7 милијарди евра 2,5 милијарди евра
- Планиран Остварен
- Буџетски дефицит 313,0 милиони евра 317, 6 милиони евра
- Планирани Остварени
- Капитални инвестиции 327,7 милиони евра 270,0 милиони евра
Слично
