Буџаку повторно ќе директорува со ЦУК
После 10 години, првиот човек на Центарот за управување со Кризи Агрон Буџаку повторно ќе седне во директорската фотелјата во институцијата каде беше прв директор.
Буџаку на оваа функција доаѓа на местото на Сузана Салиу, која сега е назначена за заменик-народен правобранител.
Одлуката за екс амбасадорот да биде директор на ЦУК кој Македонија ја претставуваше во Франција била донесена на владина седница во петокот.
Буџаку беше амбасадор во Франција од 2009 па се до лани кога претседателот Иванов со указ го повлече оттаму поради истек на мадатот.
Слично
