Буџаку: И да има инфилтрирано терористи меѓу бегалците ние сме спремни
Директорот на Агенцијата за управување со кризи Агрон Буџаку во интервју за Радио Слободна Европа посочи дека оваа институција како и сите останати безбедносни служби се подготвуваат за можен нов бегалски бран и сите последици кои би дошле со него, но смета дека простор за паника не треба да има бидјеќи Македонија е транзитна, а не прифатна земја за мигрантите како Германија.
„Во овој случај, проблемите што може да настанат, може да настанат од наплив на голем број луѓе, може да се смета и како безбедносен проблем здравствен систем, луѓе може да се разболат, имаат друг имунолошки систем, може за жал да се инфилтрираат, и таа опасност ја имаме предвид, разни терористи или организации. Така што, ние сме спремни и со помош на меѓународната заедница, пред сè ОН, УНДП, УНХЦР и со големо залагање, што е за секоја пофалба, од невладините организации што се присутни и им помагаат на бегалците. Ние се справивме, се справуваме и се надевам дека и во иднина ќе се справиме и во случај на помасовен егзодус на бегалците“, вели Буџаку, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
