Буџетска сметка: Најголеми трансферите кон Фонд за ПИОМ!
Вкупните расходи на Буџетот од минатата година изнесувале 180 632 милиони денари.
Вкупните приходи на Буџетот биле 161 милијарда денари.
Според Министерството за финансии фискалните политики предвидени за 2015 година се остварени. Извозот бележел раст во однос на увозот, а стапката на невработеност била намалена на најниско ниво досега од 24,6 проценти.
Завршната сметка на буџетот денеска е пред пратениците.
Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека доминантно учество во тековните расходни ставки имаа трансферите, кои изнесуваат 112.734 милиони денари .
За плати и надоместоци државата ги зголемила давачките за 6,9 отсто, па лани потршила 24 685 милиони денари. Раст има и кај социјалните трансфери и пензиите.
Трансферите кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување зафаќаат најголем дел од социјалните трансфери, со износ од 50.285 милиони денари.
Инаку вкупните расходи на Буџетот изнесуваа 32,7% од БДП, што е повеќе за 7,5% во однос на 2014 година.
Слично
