БУЏЕТ, НОЕМВРИ: Дефицит од 311 милиони евра!
Во претпоследниот месец од 2014 та година во Буџетот се слеале 196,1 милиони евра, а на расходната страна се одлеале 212,6 милиони евра.
Според новите податоци од Министерството за финансии, во ноември во однос на октомври забележано е намалување на вкупните буџетски приходи за 26 милиони евра.
На приходната страна, на месечно ниво има намалување на приходите од речиси сите даноци, од ДДВ, Персоналниот данок на доход, Данокот на добивка, од акцизи, од увозни давачки и од други видови на даноци.
Така, од ДДВ, данокот кој има најголемо учество во структурата на даночните приходи, во ноември се слеале 63,1 милион евра а од Персоналниот данок на доход 115,7 милиони евра.
Податоците покажуваат дека пониски приходи се обезбедиле и од придонесите за здравствено и пензиско осигурување. Така, по однос на приливи за здравствено осигурување се слеале 165 милиони евра, што во однос на октомври претставува намалување за 1,5 милиони евра. Од плаќање на придонесите за пензиско осигурување се обезбедени 39,3 милиони евра, за 3,6 милиони евра.
На расходната страна е регистриран ноемвриски пораст на ставката за исплата на плати и надоместоци, за што биле потрошени 32,1 милион евра.
Во ноември, за исплата на камати за домашни и странски долгови биле потрошени 4,2 милиони евра. Преку ставката каитални трошоци, која ја одразува развојната страна на буџетот, се одлеале 15,6 милиони евра или дури 11 милиони евра помалку во однос на октомври кога за капитални раходи биле потрошени 26,2 милиони евра.
Заклучно со ноември, или за единаесет месеци, буџетскиот дефицит изнесува 311 милиони евра, а за да го задржи планираното ниво на дефицит од 319 милиони евра, во декември Владата требала да потроши уште само 8 милиони евра.
Д.А.
Слично
