БУЏЕТ ЈАНУАРИ: се трошеше повеќе за плати, стоки и услуги!
Позитивниот економски тренд од лани, продолжи и годинава. Но во првиот месец од 2015 та, според НБРМ е регистриран пад на приходите од ДДВ. Владата за еден месец потрошила 12% од планираниот буџетски дефицит за целата година. Помалку оптимизам доаѓа и од опкружувањето. Имено, новите проекции на Народната Банка упатуваат на намалување на јавната потрошувачка, што може да биде нова закана за македонската економија.
Помали приходи од ДДВ, раст на јавната потрошувачка..
Економскиот раст продолжува и годинава. Иако овие оценки се базираат врз основа на мал број на податоци, според НБРМ, сепак овој позитивен тренд продолжил и со почетокот на оваа економска година. Сепак, анализите на Народната Банка, сумирани во новиот мартовски Извшетај, покажале дека во јануари е регистриран пад на приходите од ДДВ.
Во исто време, наместо намалување на јавната потрошувачка, во првиот месец од годинава е регистиран раст, и тоа пред се како резултат на повисоките расходи за плати и за стоки и услуги, констатира Народната банка.
“Овие констатации во поглед на јавната потрошувачка се поврзуваат со повисоките расходи за плати и за стоки и услуги, како и повисоките трансфери за здравствена заштита.“
Во првиот месец од годинава буџетскиот дефицит изнесувал 2,2 милиони денари, што преставува 12% од вкупниот буџетски дефицит за оваа 2015 та година.
“Во однос на неговото финансирање, буџетскиот дефицит беше финансиран од домашни извори преку повлекување депозити од денарската сметка на државата кај НБРМ и нови емисии на државни хартии од вредност“, констатира НБРМ.
Во јануари е регистриран раст на извозот за 23,8%, пред се како резултат на извозните остварувања на новите производни капацитети, но и како резултат на закрепнувањето на извзот на металопреработувачката индустрија. Кај увзото, на годишно ниво е забележено намалувања за 3,1%, што пак е резултат на високиот пад на енергетскиот увоз.
Она што се прелеа како негативен тренд од лани е намалување на конкурентноста на домашната економија.
“Во јануари 2015 година, показателите за ценовната конкурентностна домашната економија продолжија да бележат умерено влошување на годишна основа“, се наведува во извештајот.
Странската побарувачка ќе се намалува...
Ослабува оптимизот за странската побарувачка. Имено, наспроти октомвриската прокеција дека годинва странската побарувачка ќе биде со раст од 1,5%, сега прокециите на НБРМ се во надолна кореција, за раст на побарувачката од 1,2%.
“Надолната ревизија во најголема мера произлегува од попесимистичките оцени за економиите во соседството, односно од очекуваната економска стагнација во Србија, и во помал дел, од понискиот очекуван раст на БДП на Бугарија.“, се наведува во новиот мартовски извештај на НБРМ.
Не само за странската побарувачка, корекција во проекциите има и за стапката на инфлација, која и натаму ќе биде во пад, пред се поради очекувањата за значително понска инфлација во Германија, како и очекувањата за пониски увозни ценовни притисоци од Србија и Хрватска.
Д.А.
Слично
