Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУЧКОВСКИ ЗА УЧЕБНИЦИТЕ: Тенденцијата е дека тие ќе бидат хармонизирани, не само кај нас, туку и во Бугарија

БУЧКОВСКИ ЗА УЧЕБНИЦИТЕ: Тенденцијата е дека тие ќе бидат хармонизирани, не само кај нас, туку и во Бугарија

Претставникoт на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски вели дека со хармонизирани учебници ќе влеземе во ЕУ. 

Тој во интервју за Сител изјави дека предлозите на бугарскиот премиер Кирил Петков се добра основа. Кажа дека „промената на историските учебници е предвидена според Договорот“.

„Тенденцијата е дека тие ќе бидат хармонизирани, не само кај нас, туку и во Бугарија. Сметам дека ќе влеземе во ЕУ со хармонизирани учебници. Историската комисија работи за иднината и генерациите“, вели Бучковски. 

Тој претходно најави дека ќе се менуваат учебниците по историја, географија, но и литература. 

Петков кажа дека се слушнал со премиерот Зоран Заев, и дека во јануари ќе имаат јасен план што понатаму со работните групи. 

Слично

Поврзани вести