Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бучковски: За една недела се направи повеќе отколку за една година, но да не брзаме

Бучковски: За една недела се направи повеќе отколку за една година, но да не брзаме

Професорот Владо Бучковски во емисијата 24 анализа на ТВ 24 изјави дека за време на  новиот досегашен циклус на преговори помеѓу Македонија и Бугарија во изминатата недела е направено повеќе отколку цела година претходно.

Според поранешниот специјален претставник на Македонија, довербата ќе се засили уште повеќе кога ќе почнат со работа работните групи кои што произлегоа од новите влади на двете земји, а кои вчера ги потпишаа првите меморандуми.

„Идеален рок за првите очекувања ќе бидат во првите трите месеци, за мене е важно кој се ќе влезе во тие групи. Проблемите не се само политички, двете општества се реално оддалечени едно од друго многу повеќе отколку пред година ипол. За една недела се направи многу повеќе одошто за една година. Во Бугарија има една критичка јавност која не е превладувачка, но која прави реални анализи. Доминира повеќе говорот на омраза кај бугарските политичари“, изјави Бучковски.

Според Бучковски, не треба да се брза во преговорите, особено во делот на мешовитатат историска комисија, а отстапки треба да се очекуваат и од бугарската страна.

„Нема потреба од форсирање и од брзање. Таму повеќе работи се случуваат меѓу двете заседанија на Комисијата. Таму постојано се разменуваат автентични документи и мислења, врз основа на кои треба да се постигнат резултати“, наведе тој.


Слично

Поврзани вести