Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бучковски вели дал се од себе да не замре дијалогот меѓу Македонија и Бугарија

Бучковски вели дал се од себе да не замре дијалогот меѓу Македонија и Бугарија

Дадов се од себе да не замре дијалогот меѓу Скопје и Софија, вели за МИА досегашниот специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија, Владо Бучковски.

Тој е разрешен на седница на Владата. Се надева дека со неговиот ангажман дал и свој придонес кој ќе биде од значење при скорешното продолжување на дијалогот помеѓу двете влади и двајцата нови премиери. 

„Еден мој пријател од Софија, често ми велеше „ти си тука чуварот на огнот, не дозволуваш да се угаси… огнот кој ја подгрева надежта дека Бугарија и Македонија можат и ќе бидат, час поскоро, вистински пријатели и сојузници“, истакна Бучковски.

Од Владата му благодарат на Бучковски за сите напори со кои придонесе кон одржувањето на добрососедските и пријателските односи меѓу Македонија и Бугарија. 

Инаку, источниот сосед засега е со иста позиција кон Македонија, и ветото останува. 

Слично

Поврзани вести