Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бучковски: Решение со Бугарија ќе се бара од декември

Бучковски: Решение со Бугарија ќе се бара од декември

Владо Бучковски, специјалниот претставник во преговорите со Бугарија, вели дека скоро кај соседите нема да се избере нова влада, а во меѓувреме таму има и претседателски избори. Според тоа, поранешниот премиер смета дека преговорите со Софија ќе продолжат дури во декември.

- За жал таму се продлабочи политичка криза и не се успеа да се формира влада и по повторените избори кои беа на 11 јули. Очигледно е дека сега се тактизира со третиот мандат кој го доби Бугарската социјалистичка партија и извесно е дека и тие не можат да направат политичка влада. Тоа значи дека во ноември ќе има и претседателски избори кои се редовни и овие трети избори кои се повторени. Тоа значи дека до крајот на ноември, почетокот на декември, ќе немаме од другата страна соговорник. Оној обид кој го правеше нашата влада, на оние средби во јуни, кога нашата делегација, која ја предводеше премиерот Заев, покажа дека службената влада, не е подготвена да влезе во разрешување на спорот кој постои помеѓу Скопје и Софија. Така што ќе мора да чекаме до декември, изјави професорот за Гласот на Америка.

Професорот додава дека патот ќе биде тежок, но дека не е невозможно да се стигне до решение, а очекува и Софија да се најде под зголемен притисок од ЕУ и САД.

- Мора со Софија директно да се договориме. Но нема да биде и идната бугарска влада во комотна позиција, бидејќи се зголемува притисокот и од ЕУ и од нашиот стратешки партнер САД, кој е исклучително заинтересиран за стабилноста на Западен Балкан. Мислам дека ќе имаме добра шанса, но зависи се од нас. Треба и од бугарска страна да се влезе отворено ,рационално и прагматично во решавање на овој проблем, смета Бучковски.

Слично

Поврзани вести