Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бучковски патува за Софија: МНР нема детали за разговорите

Бучковски патува за Софија: МНР нема детали за разговорите

Специјалниот претставник на Македонија за Бугарија патува денеска во Софија, потврдуваат за Фактор извори од Владата. Сепак од Министерството за надворешни работи нема детали за тоа каква средба е планирана, со кого и кога. 

Бугарските медиуми од утрово пишуваат дека Владо Бучковски денеска е во Софија за да разговара за акцискиот план за Договорот за соседство меѓу двете земји. 

Предвидени се и средби со министрите Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов , а самиот Каракачанов најавува дека разговорот со него е закажан за денеска во 18 часот.  

Од МНР изјавија викендов подоцна дека министерот за надворешни работи Бујар Османи веќе остварил комуникација со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева при што било договорено претстојните денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план. 

„Улогата на специјалниот претставник Бучковски е редовно да патува за Бугарија со цел следење на Акциониот план и поттикнување на соработката на линиските министерства. Во оваа насока очекувано е во наредниот период да оствари чести патувања на релација Скопје - Софија, соопштија од МНР.


Слично

Поврзани вести