Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бучковски: Национализмот вирее на Западниот Балкан и тоа мораме да го спречиме

Бучковски: Национализмот вирее на Западниот Балкан и тоа мораме да го спречиме

Според главниот преговарач во името на македонската влада, Владо Бучковски, пораките од Софија и од Кирил Петков кој ќе формира Влада, создаваат оптимизам во Скопје. 

Вели дека Македонија нема територијални претензии кон Бугарија и дека тоа ќе биде изразено во дипломатска нота, а Скопје нема намера да се меша во внатрешните работи на Софија. Бучковски рече и дека за шест години ќе има воз меѓу двата главни града, додавајќи дека Македонија ќе добие 200 милиони евра за изградба на делницата до границата со Бугарија.

„Национализмот вирее на Западниот Балкан и тоа мораме да го спречиме“, порача Бучковски.

Вели дека овој спор повеќе не е само билатерален, туку и регионален, бидејќи опфатена е и Албанија. Македонија може да ги почне преговорите со ЕУ, само ако Бугарија го тргне ветото. 

Слично

Поврзани вести