Бучковски: Конфронтациите помеѓу Заев и Ахмети се само кампања
Владо Бучковски, поранешниот премиер на Македонија од 2004 до 2006, денеска за бугарската „БНТ“ коментирајќи ги предвремените парламентарни избори рече дека идната коалиција за формирање на Влада ќе зависи од самите резултати и дека препирките помеѓу лидерите на СДСМ и ДУИ - Зоран Заев и Али Ахмети имале само предизборно кампањско значење.
„Коалицијата што ќе се формира зависи од резултатите. Имаше многу силна конфронтација меѓу Заев и Ахмети, претходните партнери, но мислам дека е само дел од кампањата“.
Според Бучковски, реализацијата на договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија во иднина ќе зависи од политичарите и од двете земји.
Според него, најголем следен предизвик на идната македонска влада ќе биде справувањето со последиците од Ковид-19.
