БУЧКОВСКИ, ГЕОРГИЕВСКИ, КОЛОЗОВА, ПЕТКОВ, НИКОЛОВСКИ И НАУМОВ - еве кои истакнати личности ќе не спријателуваат со Бугарја
Ќе се формира нов клуб за бугарско македонско пријателство.
„Би сакале да ве поканиме на претставувањето на нов клуб за бугарско-македонско пријателство, што ќе се одржи на 3 мај во 11 часот по бугарско / 10 часот по македонско време во БТА - Софија и Институтот за социјални и хуманитарни науки - Скопје . на улица "8 Октомври" бр. 8“, се вели во поканата.
Темата на прес-конференцијата е: Претставување на нов клуб за бугарско-македонско пријателство и повелба за негово формирање со телемост меѓу општественици од Софија и Скопје.
Меѓу основачите на Клубот од бугарска страна се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експертот за одбрана Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев и Евгени К'нев, тенисерката Мануела Малеева, режисерот Јавор Г'рдев, советникот на претседателот Жељу Желев за етнички прашања , Михаил Иванов, а од македонска страна филозофката Катерина Колозова, политикологот Љубчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Заjковски, поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.
