БУБЕВСКИ: Постапката е проширена и за родителите на обвинетиот Васил Јованов што ја прегази Фросина
Јавниот обвинител Гаврил Бубевски вечерва за Телма изјави дека за прегазувањето на Фросина Кулакова, постапката е проширена и за родителите на обвинетиот Васил Јованов, кој возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола.
Обвинителот информираше дека постапката е проширена и за родителите и дадени се соодветни наредби до Министерството за внатрешни работи да ги испитаат околностите како што се кој му давал средства за бензин во возилото, од кога е возилото, кој го употребува. Тој рече дека би подлегнало на одговорност тоа што на обвинетиот му се пружило средство за предизвикување општа опасност.
Јованов на Партизанска минатата недела ја прегази Фросина Кулакова од Неготино.
Слично
