Бубевски: Катица Јанева би можела да го води СЈО и како вршител на должност
Гаврил Бубевски, обвинителот од СЈО, рече дека не е исклучена можноста Катица Јанева да остане на чело на СЈО како вршител на должност о по истекувањето на нејзиниот мандат во септември. Тој истакна дека не гледа никој друг јавен обвинител кој би можел да биде вршител на должноста.
- Толкувајќи го законот за Јавно обвинителство, не е заврането да имаме вршител на должност на чело барем додека е во сила актуелниот закон, односно така да се предводи СЈО уште една година, рече Бубевски оред новинарите.
Мандатот на Катица Јанева истекува на 15 септември септември, а таа минатиот месец порача дека ќе бара и по септември да остане на чело на Специјалното јавно обвинителство.
Слично
