Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брзо и возење без возачка: 13 лица зборувале на телефон - полицијата казнуваше низ Скопје

Брзо и возење без возачка: 13 лица зборувале на телефон - полицијата казнуваше низ Скопје

За еден ден во Скопје се казнети 181 возач, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

Во текот на вчерашниот ден во контроли во главниот град полицијата изрекла 36 казни за управување со брзина поголема од дозволената, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 13 за користење на мобилен телефон и пет мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението.


Слично

Поврзани вести