БРЗИНА НА ИНТЕРНЕТ ГЛОБАЛНО: Македонија се најде на 18-то место
Македонија се најде на 18-то место според брзината на мобилниот интернет, објавено е на speedtest.net.
Овие податоци се за мај 2020 година.
Македонија добро котира на рангирањето каде се опфатени над 170 земји во светот.
На 7-то место се најде Бугарија, Хрватска е на 11-то место, а Албанија е 14-та.
Србија се најде на 28-то, а Црна Гора на 33-то место.
Словенија е 38-ма, а Грција е 39-та на листата.
Косово е на 58-то место на оваа листа.
Слично
