Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРЗИ И БЕСНИ: 50-годишна жена загина во вчерашната сообраќајка

БРЗИ И БЕСНИ: 50-годишна жена загина во вчерашната сообраќајка

Страшна несреќа вчера вечерта го потресе Скопје.

50-годишната Сузана Т. П. е жртвата која го загуби животот кога возачот на автомобил „Опел корса“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола и со голема брзина удрил во неа.

Незгодата се случи околу 20 часот на улица Васил Ѓоргов во близина на трговскиот центар „Зебра“, а автомобилот потоа влетал во еден од излозите на околните згради, додека жената починала на лице место и безуспешни биле обидите да и се пружи помош.

Возилото било управувано од страна на 37-годишниот Б.Б од Скопје, а има и сопатнича. И двајцата се со телесни повреди.

Засега не е познато дали возачот возел под дејство на алкохол, а после неговото опоравување случајот и истрагата ќе ја води Обвинителсто со што ќе биде утврдена неговата одговорност.

Се поголем е бројот на ваквите незгоди на скопските улици. Станаа секојдневие пред очите на граѓаните. Апел до возачите да обратат поголемо внимание на брзината со која го управуваат возилото.  
Слично

Поврзани вести