Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРЗАТА ПОМОШ НОСИ ВО БОЛНИЦА НАД 20 ПАЦИЕНТИ СО КОВИД ДНЕВНО - висока температура, тешко дишење и панични напади

БРЗАТА ПОМОШ НОСИ ВО БОЛНИЦА НАД 20 ПАЦИЕНТИ СО КОВИД ДНЕВНО - висока температура, тешко дишење и панични напади

Повеќе од 20 пациенти со коронавирус секој ден транспортира скопската Брза помош. Дел од нив имале потреба за специјалистички преглед, други пак неопходна хоспитализација на Инфективната клиника или во “ГОБ 8” септември поради влошување на состојбата. Високите бројки на позитивни на Ковид-19 последната недела го зголемија и бројот на интервенции на екипите од Службата 194.

„Зголемен е бројот на јавувања на телефоните на Брза помош. Кај некои интервенираме, кај некои советуваме. На дневно ниво имаме 100 до 120 интервенции од кои над 20 се кај Ковид позитивни пациенти. Нив си ги водат матичните лекари, тие им закажуваат и им договараат прегледи на специјалистичко ниво, а ние го вршиме транспотот до соодветната установа, но се разира дека интервенираме и кај акутно влошување кај ковид позитивните пациенти“, изјави за телевизија Сител д-р Елена Карева Пиловска, специјалист психијатар и шеф на смена во ИМП-Скопје.

Пациентите со Ковид најчесто се жалеле на зголемена температура и отежнато дишење.

„Најчесто се работи за повозрасни пациенти со други коморбидитети. Најчесто бараат совети за зголемена температура, отежнато дишење, а се поголем е бројот и кај потреба од психолошки советувања, имаме зголемен број пациенти кои имаат панични напади, а се повеќе и анксиозни состојби“, вели д-р Карева Пиловска.

Слично

Поврзани вести