Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРЗА ЖЕЛЕЗНИЦА НИЗ РЕГИОНОТ: Покана ќе добие и Македонија!

БРЗА ЖЕЛЕЗНИЦА НИЗ РЕГИОНОТ: Покана ќе добие и Македонија!

Српските и унгарските министри за транспорт ќе ги поканат колегите од регионот да се приклучат на изградбата на брзата железница.

Ова го договориле Горан Весиќ и неговиот унгарски колега Лазар Јанош. Тие ќе ја испрати поканата до Бугарија, Македонија, Албанија, Грција и Турција.

- Разговараме за продолжување на брзата пруга кон Албанија, односно преку Северна Македонија кон Грција и преку Бугарија кон Истанбул - рече Весиќ. - Така, брзата железница навистина би имала смисла и би ги поврзала нашите две земји со турскиот и грчкиот брег за патнички и карго сообраќај. За нас е важно да се поврземе со Скопје и Тирана, Солун и Истанбул, важно е и за Унгарците, бидејќи железницата ќе се користи за превоз на стоки, а не само за патнички сообраќај - истакнаа тие. 

Слично

Поврзани вести