Брза помош превезувала дете со изгореници и удрила во дива свиња
Во Велес возило на Брза помош во кое имало дете со изгореници удрило во дива свиња.
Медицинска сестра е полесно повредена во сообраќајната несреќа која вечерва се случила кога возило на Брза помош на болницата во Велес удрило во дива свиња. Ова вечерва на својот Фејсбук-профил го објави директорот на Општата болница Велес, Димитар Стровјаноски.
Медицинската сестра и детето се пренесени во Скопје со возило на итната помош од Скопје.
По увидот од страна на полициска екипа, оштетеното возило е отстрането со помош на шлеп-служба.
фото Фејсбук
Слично
