Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРЗА ПОМОШ НОСЕЛА ПАЦИЕНТ ОД КУМАНОВО, НО ДОЖИВЕАЛЕ ТЕЖОК СУДАР - тешка сообраќајка синоќа ги вознемири скопјани

БРЗА ПОМОШ НОСЕЛА ПАЦИЕНТ ОД КУМАНОВО, НО ДОЖИВЕАЛЕ ТЕЖОК СУДАР - тешка сообраќајка синоќа ги вознемири скопјани

Тешка сообраќајна незгода во која учествувале возило на Итната медицинска помош и едно патничко возило, се случила синоќа на раскрсницата помеѓу булеварите „Водњанска“ и „Св. Кирил Методиј“ во неспоредна близина на зградата на „Нова Македонија“, пишува Скопје инфо, кои објавуваат и видео од превртеното возило. 

Превртено болничко возило со вклучени ротациони светла за предност во сообраќајот е дел од ужасната глетка која синоќа ги вознемири скопјани. 

Очевидци за Скопје Инфо раскажуваат дека звукот на Итната медицинска помош бил прекинат од ударот на двете возила и силниот тресок кој настанал како последица на несреќата. Потоа интервенирала скопската итна помош.

Неофицијално, станува збор за возило кое превезувало пациент од Куманово и кое имало предност во сообраќајот. Од силниот и директен удар, возилото се превртело три пати.
Фото: Принтскрин

Слично

Поврзани вести