Економија, финансии, бизнис

Контакт

„БРЗА И ЈАВНА ИСТРАГА ОД ОБВИНИСТЕЛСТВОТО ЗА МИНАТИТЕ И СЕГАШНИТЕ ИНЦИДЕНТИ“: Коалиција за зелена иднина со рекација за Крива река

„БРЗА И ЈАВНА ИСТРАГА ОД ОБВИНИСТЕЛСТВОТО ЗА МИНАТИТЕ И СЕГАШНИТЕ ИНЦИДЕНТИ“: Коалиција за зелена иднина со рекација за Крива река

Коалицијата за зелена иднина реагира со најостра осуда на повторното заматување на Крива Река и на сомнежите за нова хаварија во рудникот „Тораница“. Доколку се потврдат информациите за истекување на јаловина и/или други токсични супстанци, тогаш ќе имаме пред себе еколошка катастрофа која очигледно ќе остане неказнета само затоа што институциите избрале молк како „одговор“. 

Централната и локалната власт покажуваат системска неспособност и отсуство на политичка волја кога станува збор за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Ова го истакнуваат денеска од коалицијата за зелена иднина, во која се здружени ДОМ и ДПС од каде посочуваат дека „ова не е изолирана криза — ова е модел на функционирање“. 

- Додека Скопје и многу други градови ширум државата се дават во труежот од дивите депонии и додека граѓаните дишат канцерогени честички, истите институции се инертни пред јасни знаци на еколошка деградација во Крива Паланка. Таквото однесување е доказ дека власта не знае а и ниту сака да владее според словото на правото, ниту да ги преземе мерките за превенција и одговор. Тоа е политичка одлука за самоуништување на јавниот интерес - пишува во соопштението испратено до јавноста. 

Потоа додаваат дека Коалицијата за зелена иднина бара итни и функционални мерки: мораториум на сите активности на рудникот „Тораница“, земање примероци и независно, транспарентно лабораториско тестирање под надзор на меѓународни експерти; јавно објавување на резултатите; и стручна проценка на ризиците за здравјето на населението. 

- Паралелно, бараме да се отвори брза и јавна истрага од страна на Јавното обвинителство за минатите и сегашните инциденти, со цел одговорните да се доведат пред законот.

Ние, како коалиција составена од граѓански активисти, професионалци и политички чинители кои не прифаќаат клиентелистички практики, нема да молчиме додека природата и луѓето се третираат како ресурс за краткорочна добивка. Јавниот интерес и здравјето на заедницата се над секоја партиска калкулација. Ги повикуваме сите граѓани да присуствуваат на јавните расправи и да не дозволат случаите на еколошка опасност да бидат скриени зад бирократските оправдувања и празните ветувања - се нагласува во нивното соопштение. 

Фото: МИА/Архива

Слично

Поврзани вести