Економија, финансии, бизнис

Контакт

„БРЗА“ ДРЖАВНА ОБВРЗНИЦА ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА - парите ќе ги вратиме после две години, еве колку е каматата

„БРЗА“ ДРЖАВНА ОБВРЗНИЦА ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА - парите ќе ги вратиме после две години, еве колку е каматата

Министерството за финансии издало државна обврзница со која се задолжило за близу 10 милиони евра, пари кои треба да ги врати после две години, односно на 5 октомври 2025 година.

Станува збор за двегодишна државна обврзница, за разлика од претходните државни обврзници кои се издаваа со рок на доспевање од 15 години, односно нивното достасување е до 2038 година.

Затоа и кај оваа државна обврзница е помала каматната стапка, односно таа изнесува 4,75 отсто, наспроти 6,15 проценти колку што имаа годишна каматна стапка претходните 15 годишни државни обврзници.

Овие обврзници од 6 овој месец се примени на котација на Македонската берза. Станува збор за државни обврзници без девизна клаузула, а вредноста на емисијата е 600.020.000 денари или 9,76 милиони евбра. 

Датумот на достасување е 5 октомври 2025 година. Каматната стапка, како што информираат од Финансии, е 4,75 отсто. 

Преку државните обврзници државата се задолжува на домашниот паџзар главно кај банките и домашните институционални инвеститори.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести