Економија, финансии, бизнис

Контакт

„БРУТАЛНА ПАРТИЗАЦИЈА НА ИНСТИТУЦИИТЕ“: СДСМ обвинува за партиски вработувања во РЕК Осломеј

„БРУТАЛНА ПАРТИЗАЦИЈА НА ИНСТИТУЦИИТЕ“: СДСМ обвинува за партиски вработувања во РЕК Осломеј

Опозициската СДСМ денеска излезе со нови обвинувања за владејачката коалиција. Тие тврдат дека се прави партизација на институциите со серија вработуавња преку партиски списоци. 

- Владата на ВМРО-ДПМНЕ спроведува масовна, бртутална партизација на институциите преку нова серија вработувања со партиски списоци. Свиркачи до СДСМ доставија интерен список за вработување на 50 лица во РЕК Осломеј.

На списокот има членови на општински комитети, но и роднини на активисти на ВМРО-ДПМНЕ. Без јавен конкурс, без јасни критериуми, без стручна селекција. Единствениот услов за вработување е партиската книшка и фамилијарната поврзаност со власта - кажа денеска на пресконференција Богданка Кузеска, портаролка на СДСМ.

Таа додава деак РЕК Осломеј, како стратешки важна енергетска точка, наместо да биде дел од стабилен енергетски систем, власта го користи како алатка за партиски вработувања на грбот на народот.

- Вака ли ВМРО-ДПМНЕ ќе го менува системот? За ова ли бараа доверба од граѓаните?

Сите ветувања за мерит-систем, професионализација и правична држава се фрлени во вода. Секоја институција се претвора во испостава на ВМРО-ДПМНЕ, наместо сервис за граѓаните. 

Наместо држава во која најдобрите напредуваат, добивме држава со вработувања по список, со јавна администрација претворена во партиска армија. Затоа младите и способни луѓе заминуваат. Затоа јавните институции се неефикасни, а довербата во системот се урива - посочи Кузеска и додаде дека ја повикуваат Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да отвори предмет по сопствена иницијатива.

- Бараме ЕСМ јавно да ги поништи сите незаконски вработувања. СДСМ ќе продолжи да ја разобличува оваа партиска колонизација и ќе се бори против партизацијата што ја спроведува власта и уништувањето на институциите - посочи на крајот Кузеска. 

Слично

Поврзани вести