Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Броз Кафе“ доби две казни од Општина Центар поради незаконски поставена урбана опрема

„Броз Кафе“ доби две казни од Општина Центар поради незаконски поставена урбана опрема

Општина Центар ќе го санкционира незаконското однесување на угостителските објекти. Некои од нив, и покрај укажувањата, не ја отстранија незаконски поставената урбана опрема на јавна површина.

Изминатиот викенд, инспекциските служби констатираа дека “Броз Кафе“, спротивно од законските одредби, има поставено маси и столици (урбана опрема), без добиено одобрение од Град Скопје.

Поради констатирано прекршување на законот, на правното лице му се изречени две глоби во износ од 4000 евра, а на одговорното лице, 30% од одмерената глоба за правното лице.

На “Броз Кафе“ му е наложено да ја отстрани поставената урбана опрема.

Последна опомена им е изречена и на рестораните кои се наоѓаат на "Боемската улица".

Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со инспекција на сите ресторани, кафулиња и кафе-барови на нејзина територија.

Слично

Поврзани вести