Бронзен медал за Петар Заборски од „Макпетрол“ на светската карате лига
Петар Заборски од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на третата позиција на исклучително силниот турнир од Светската Карате 1 серија во Ларнака. Претставникот на скопската екипа, кој пред една недела освои бронза и на Балканскиот шампионат во Тирана, на собирот од премиер-лигата се закити со одличје во категоријата до 75 килограми. Во борбата за трето место тој го победи Вилијам Диантете од Белгија со 3-2.

Ангела Мојсовска и Данило Божовиќ, исто така каратисти на „Макпетрол“, остварија високи пласмани на првиот ден од турнирот. Мојсовска се пласира на седмото место, а Божовиќ ја освои деветтата позиција.


пр објава
Слично
