Брокерската куќа „Алта Виста Брокер“ престанува со работа
Комисијата за хартии од вредност на денешната седница трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на брокерската куќа "Алта Виста Брокер" АД Скопје.
Одземањето на дозволата е на барање на самата брокерска куќа која на Собрание на акционери донела одлука за престанок со работа, информираат од Комисијата за хартии од вредност.
Со трајното одземање на дозволата за работа на "Алта Виста Брокер" АД Скопје се исполнуваат условите за отворање на ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ќе поведе постапка пред надлежниот суд.
Согласно Законот за хартии од вредност, Комисијата ќе ги задолжи Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје веднаш по приемот на решението трајно да ја исклучат од членство брокерската куќа "Алта Виста Брокер" АД Скопје, стои во соопштението.
Слично
