БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА ВО МАКЕДОНИЈА УТРЕ ЌЕ НАДМИНЕ 40.000: Активни случаи имаме скоро 16.000, од кои половината се во Скопје
Од почетокот на
епидемијата во Македонија, за сиве овие 9 месеци, вкупната бројка на
ковид дијагностицирани е 39.760. Со актуелното темпо, очекувано е бројот
утре да надмине 40.000. Според статистиката на Министерството за здравство, бројот
на активните случаи изнесува 15589, од кои речиси половина се во Скопје.
Скопје 17319, активни 7114, Куманово 2666, активни 689, Дебар 382, активни 80, Штип 1931, активни 436, Прилеп 1794, активни 823, Тетово 2765, активни 981, Струга 939, активни 195, Велес 1168, активни 718, Битола 1032, активни 525, Охрид 953, активни 423, Кавадарци 729, активни 387, Гостивар 1486, активни 442, Гевгелија 492, активни 228, Струмица 1203, активни 669, Крива Паланка 287, активни 133, Радовиш 302, активни 121, Крушево 48, активни 25, Кочани 880, активни 297, Пробиштип 256, активни 102
Бројот на починати нагло се зголеми во последните два месеца и сега изнесува 1136.
