БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ РАСТЕ: Вкупно 38 заразени, тројца пациенти починаа
Според последните податоци што ги објави Институтот за јавно здравје, во земјава има нови 38 заразени пациенти, од кои само во Скопје 24.
- Скопје 24
- Куманово 4
- Штип 4
- Тетово 3
- Битола 1
- Неготино 2
Истовремено информираат дека во последните 24 часа починаа тројца пациенти, од кои двајца се од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај. Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53г) и истиот е позитивен на ковид-19.
Досега во земјата се направени вкупно 27023 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.
