Бројот на вакцинирани против Ковид-19 се зголеми по објавените резултати на пописот
Со објавените резултати од пописот на населението, се зголеми и процентот на вакцинирани против Ковид-19, изјави Злате Мехмедовиќ, портпаролот на Комисијата за заразни болести, во попладневната емисија на ТВ24.
- Процентот на вакцинирани граѓани од вкупното население сега е 45 проценти, по објавуивањето дека имаме околу милион и осумстотини илјади жители. Сега се прави адаптација на бројките и сега имаме 45 отсто, а со бустер-доза е вакцинирано 8 отсто од населението, рече специјалистот по медицина на труд
Последната бројка на веб-страната на Министерството за здравство покажува дека до сега се вакцинирани 869.763 лица.
Пред две и пол недели заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски изјави дека, според податоците од Институтот за јавно здравје, околу 41,2% од вкупното население во земјата е вакцинирано со две дози.
