БРОЈОТ НА ВАКЦИНИРАНИ СЕ БЛИЖИ КОН 500.000: Вакцинацијата во Македонија без проблеми
Вакцинацијата во
земјава се одвива непречено на сите пунктови. Досега се аплицирани 431.174 дози
вакцини, а ревакцинирани се 177.020 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба
за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 447.543 граѓани, објави вчера
попладне министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.
Во наредниот период се очекува да пристигне пратката од 500.000 дози Синовак, додека вакцините од Фајзер, меѓу 7000-10.000 дози пристигнуваат секој понеделник.
Епидемиолошката состојба во Македонија е стабилна, а министерот Филипче очекува да имаме мирно лето. Во болниците, бројот на пациенти кои се лекуваат од компликации од корона вирусот е сведен на минимум. Во најголемите ковид-центри во Скопје сега има само 15 пациенти во ГОБ 8 Септември, 28 на Инфективната клиника и 7 во Институтот за ТБЦ.
Слично
