Бројот на склучени бракови годинава повеќе од преполовен
Голем е бројот на граѓани кои оваа година не ја крунисаа својата љубов со брак поради пандемијата на коронавирусот, која трае повеќе од десет месеци. Со забраната за масовни собири и забави дојде и до откажување на претходно договорените свадби и веридби, додека мал е бројот на оние кои решија да се венчаат само пред матичарот.
Оваа година, според Управата за водење на матични книги, бројот на бракови е 7.000, што е за околу 4.500 помалку од минатата година.
Исто така, беа воспоставени протоколи за склучување брак за време на пандемијата. Присуството на гости беше сведено на минимум со почитување на заштитните мерки, како што се држење на растојание, носење маски и дезинфекција.
„Матичарот, партнерите и нивните двајца сведоци можат да учествуваат во регистрацијата. Присутните треба да носат маски и ракавици и да држат растојание од два метра со службеникот. Истото важи и за салите и под отворено небо, додека кога се на отворено, пет или шест лица со маски можат да бидат на растојание. Церемонијата е скратена на 10 минути “, потенцираат од Матичната управа.
