Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД СЕ ИСКАЧИ НА 6.783: Колкумина се вакцинирани со две дози досега?

БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД СЕ ИСКАЧИ НА 6.783: Колкумина се вакцинирани со две дози досега?

Македонија вчера пријави 25 смртни случаи од последиците од вирусот корона и 393 нови случаи на инфекција.

Според соопштението на Министерството за здравство, 20 пациенти со „Ковид“ починале во последните 24 часа, а петмина починале од 21 септември до 2 октомври.

Од 2.974 тестови за коронавирус извршени во последните 24 часа, 13,21 отсто беа позитивни.

Во Македонија, 6.783 лица починаа од корона вирус, 193.846 се регистрирани од почетокот на епидемијата, и има 10.785 активни случаи.

Институтот за јавно здравје регистрираше дека 397 пациенти се опоравиле, така што вкупниот број на излечени пациенти се зголемил на 176.278.

Од друга страна, статистиката бележи вакцинирани 47 отсто од полнолетните граѓани.

Оттука, 35 отсто изнесува процентот на вакцинирани граѓани со две дози вакцини.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, покажуваат информациите на Министерството за здравство.

Слично

Поврзани вести