Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРОЈОТ НА НОВОРОДЕНЧИЊА ВО ТРЕТИОТ КВАРТАЛ СЕ ЗГОЛЕМИЛ: ама пораснал и бројот на умрени доенчиња

БРОЈОТ НА НОВОРОДЕНЧИЊА ВО ТРЕТИОТ КВАРТАЛ СЕ ЗГОЛЕМИЛ: ама пораснал и бројот на умрени доенчиња

Во третото тримесечје од 2025 година, во споредба со истиот период од 2024 година, бројот на живородените деца  изнесува 4.431 и е зголемен за 3,7 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. 

Сепак, со оглед на фактот што бројот на умрени лица е поголем од бројот на новороденчиња, природниот прираст и понатаму е во негатива. 

- Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2025 година бележи намалување од 0,5 отсто во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4.849 лица, а од нив 20 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува - 418 , што значи дека за толку  лица е помал бројот на живородените деца од  бројот на умрените лица - се појаснува во соопштението на ДЗС.


Статистичарите исто така утврдиле дека бројот на новосклучени бракови се намалил во споредба со истиот период минатата година, додека пак бројот на разводи се зголемил. 

- Во ова тримесечје од годината се склучени 3.514 бракови и нивниот број е намален за 2,8 отсто во споредба со  истиот период од 2024 година, а регистрирани се 470 разведени бракови, што претставува  зголемување од 27,7 проценти во споредба со истиот период од 2024 година - се напоменува во соопштението. 

Слично

Поврзани вести