Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРОЈОТ НА ХОСПИТАЛИЗАЦИИ СЕ ЗГОЛЕМУВА, 22 ОТСТО ПОВЕЌЕ ОД ПРЕТХОДНАТА НЕДЕЛА: Од вкупно 671 пациенти, 390 се кислородно зависни

БРОЈОТ НА ХОСПИТАЛИЗАЦИИ СЕ ЗГОЛЕМУВА, 22 ОТСТО ПОВЕЌЕ ОД ПРЕТХОДНАТА НЕДЕЛА: Од вкупно 671 пациенти, 390 се кислородно зависни

Според извештаите од болниците моментално е хоспитализирано 671 лице (22,0% повеќе во споредба со претходна недела), а од нив 390 се на кислородна поддршка (14,4% повеќе во споредба со претходна недела) и 31 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (14,8% повеќе во споредба со претходна недела), наведува во последниот извештај Институтот за јавно здравје.

Во однос на симптоми пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (58,9%), кашлица (44,5%) и малаксаност (42,7%). Регистрирани се 66.947 (27,4%) асимптоматски случаи. Во однос на коморбидитети, 43.530 лица имаат кардиоваскуларна болест, 14.275 дијабет, 6.192 се со хронична белодробна болест и 16.225 со други хронични болести.

Пријавени се 1.262 (1,7% од пријавените во фертилен период ) случаи кај бремени жени и 8.096 (3,0%) здравствени работници. Во однос на импортирани случаи регистрирани се 8.575 случаи (4,0% од заболените за кои има податок) кои патувале во период од 14 дена пред појавување на симптоми. Регистрирани се 62.750 потврдени случаи (52,4% од заболените за кои има податок) кои имале контакт со позитивен случај 3 дена пред почетокот на симптоми/добивање на позитивен резултат. Заклучно со 30.01.2022 вкупно се регистрирани 6.494 реинфекции (2,4%), од кои 17 се втори реинфекции.

Досега во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ се детектирани 255 пациенти позитивни на Омикрон варијантата (B1.1.529). Детектирани се и примероци со Делта сојот на SARS-CoV-2.

Истовремено, според извештајот на ИЈЗ, во последната недела од јануари, односно во периодот од 24 до 30 јануари, тестирани се вкупно 38.518 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2,0% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 11.916 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 2,7% во однос на минатата недела (n=11.598). Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,8%, просечно 30,3%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=6.033; 50,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 1.420,7/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст над 60г (n=2.636, 22,1%) и 30-39г (n=2.635, 22,1%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=257; 2,2%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 11,0% кај возрасната група од 10-19г, додека зголемување се забележува кај возрасните групи од 50-59г со 3,3% и над 60г со 25,3% зголемување во однос на претходната недела.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнало 13.041 лице во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.558 реинфекции, скоро идентично во однос на претходната недела. Пријавени се 148 смртни случаи во 26 градови во текот на изминатата недела, за 38,3% повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (48). Во однос на возраста, најголем број (n=132; 89,2%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (12), 40-49 години (2) и 20-29 години (2).


Слично

Поврзани вести