Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бројот на активни случаи на коронавирусот се искачи над 8.400

Бројот на активни случаи на коронавирусот се искачи над 8.400

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 8.417. Освен Скопје, и во малите градови во внатрешноста има високи бројки. 

Во главниот град активни се 3.760 случаи, 633 има во Прилеп, 618 во Кавадарци, 436 во Охрид, 227 во Неготино, 185 во Гевгелија. 

Куманово и Тетово се стабилни, со 280, односно 291 активен случај. Македонија до месеци нема град без заболени од коронавирусот. Дојран има 2,  3 случаи има во Македонска Каменица и 4 во Пехчево. 

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 153, Кавадарци – 30, Куманово –22,  Прилеп – 21, Тетово – 18, Неготино – 14, Охрид – 11, Гостивар и Гевгелија – по 6, Струга – 5, Штип и Битола – по 4, Ресен – 3, Велес и Делчево – по 2, Струмица, Кичево, Богданци и Демир Капија – по 1.

foto freepik

Слично

Поврзани вести