Бројот на активни случаи на корона во Македонија падна под 3.000
Бројот на активни случаи на коронавирусот во Македонија падна под 3.000.
Сега имаме 2.981 активни случаи. Во Скопје има 1.172 активни, а потоа следи Куманово со 285, Прилеп има 131, Тетово 106, Битола 212 активни.
Дојран и Демир Капија се градови без заразени со вирусот. Пехчево има 2, а Македонски Брод и Богданци по 3 случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 769.471 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.982, бројката на оздравени пациенти е 146.721, на починати е 5.280. Во последните 24 часа се направени 3.487 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи.
foto freepik
Слично
